Seminarski i Diplomski Rad

Dogovor za zastapuvanje (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 15

Содржина:
Вовед...............................................................................................3
2. Содржина........................................................................................4
2.1 Поим на договорот за застапување ......................…...............................4
2.2 Видови трговски застапништва...............................................................4
2.3 Склучување договор за застапување......................................................6
2.4 Правни односи од договорот за застапување........................................7
2.4.1 Обврски на застапникот.........................................................................8
2.4.2 Права на застапникот...........................................................................11
2.5 Престанување на договорот..................................................................12
3.Заклучок......................................................................................13
4.Користена литература.............................................................14
Вовед
Договор за застапување е таков договор за вршење на трговски работи со кој едната страна-застапник се обврзува посојано да се грижи трети лица да склучуваат договор со неговиот налогодавач и во таа смисла да посредува помеѓу нив и налогодавачот,како и по добиено овластување сам да склучува договори со трети лица во име и за сметка на налогодавачот,а налигодавачот се обврзува за секој скулчен договор да му исплати надоместок(провизија).
По своите карактеристики договорот за трговско застапување спаѓа во двострано обврзувачки,именувани,комутативни и товарни договори.
Договор за трговско застапување
1.Поим на договорот за застапување
Со договорот за трговско застапување, застапникот се обврзува постпјано да се грижи трети лица да склучуваат договори со неговиот налогодавач, како и, според добиеното овластување, да склучува договори со трети лица од име и сметка на налогодавачот, а налогодавачот се обврзува за секој склучен договор да му исплати определен надомест.
Трговските застапници се самостојни субјекти на трговското право. Главно поголемиот број субјекти, без разлика на името вршат работи на застапување и посредување. Поради тоа, во практиката на континенталните права често не се прави јасна разлика меѓу овие две работи, иако во правната теорија е извршено јасно разграничување. Тоа се две посебни работи во трговското право, и тоа, како во домашното така и во меѓународното трговско право. Додека трговскиот застапник договорите ги склучува од името и за сметка на застапуваниот, трговскиот посредник само ги доведува странките во врска, а потоа тие склучуваат соодветен договор. Додека трговскиот застапник секогаш истапува од името и за сметка на застапуваниот, трговскиот посредник секогаш истапува од свое име и своја сметка. При склучувањето и извршувањето на договорот со трето лице трговскиот застапник се однесува како договорна страна , и ги заштитува интересите на застапуваното лице, додека трговскиот посредник има неутрална улога и ги заштитува интересите на двете договорни страни.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!